Фирмата ИвицаТранс ДОО е основана во 1994 година како претпријатие за вршење на јавен превоз во внатрешниот и меѓународниот сообраќај. Со текот на времето фирмата се развива и расте тековно исполнувајќи ги сите еко стандарди барани како од страна на локалните министерства така и од странските и домашни партнери. Денес располага со сопствен паркинг и сервис за својот возен парк кој брои 11 возила.
Од наведените 11 возила поголемиот дел се со ЕКО 5 стандарди со сопствени приклучни возила наменети за различен вид на транспорт како што е: текстил, опасни материи, роба на температурен режим (фриго) и други разни стоки наменети за товарање во церада.Сите возила се опремени со највисока опрема за следење која овозможува зголемена безбедност на превезуваната роба, а воедно и навремени информации до клиентите за моменталната позиција на возилата и времето на пристигнување на одредената дестинација.
Сето ова е постигнато благодарение на раководниот тим на фирмата Илчо Наќев и Ивица Тасев чија обврска е да ги одржуваат тимот на возачи и администрација во најдобра можна форма, а возилата да бидат секогаш во исправна состојба.